Ем-ти-ви награди: Аријана Гранде и Лејди Гага ќе ja пејат Rain On Me на локација на отворено

Нивниот хит-дует заработи неверојатни седум номинации за настанот за доделување Ем-ти-ви награди за најдобро музичко видео, а сега Аријана Гранде ќе биде дел од активностите односно изведбите во живо.

„Варајати“ објави во вторникот дека Гранде ќе и се придружи на нејзината соработничка Лејди Гага за настап на овогодинешната церемонија на доделување на Ем-ти-ви награди за најдобро музичко видео (MTV Video Music Awards), што ќе се одржи во недела на 30 август.

Поп-sвездите ќе го изведат својот хит-дует Rain On Me на настанот, кој првично требаше да се одржи со ограничена публика во новата арена „Баркли центар“ во Бруклин, но наместо тоа, ќе се одржи на различни локации на отворено низ Њујорк.

Треба да знаете
Последни објави