ЕУ подготвена да ги заостри санкциите кон Белорусија

Лидерите на Европската Унија се подготвени да воведат построги санкции за Белорусија на денешниот вонреден онлајн самит, посветен на кризата во земјата.

Ова го изјави еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон.

Бретон изјави за радиото „Европа 1“  дека е јасно оти исходот на претседателските избори во Белорусија не е во согласност со желбите на народот.

„Имаше неприфатливо насилство и владеењето на правото не беше почитувано. Санкции веќе се преземени и без сомнение попладнево ќе бидат заострени“, ја пренесе „Ројтерс“ изјавата на Бретон.

Тој додаде дека ЕУ, по воениот удар во Мали, ќе инсистира на демократски процес што ќе го почитува уставот и рече дека избори мора да се одржат во разумен рок.

Масовните протести на опозицијата низ Белорусија почнаа на 9 август, по претседателските избори на кои, според официјалните резултати, победи актуелниот претседател Александар Лукашенко.

Опозицијата не ги признава резултатите од изборите и смета дека истите се лажирани и нерегуларни, односно дека победата ѝ припаѓа на Светлана Тихановскаја.

Треба да знаете
Последни објави