Европска Унија не ги признава резултатите од претседателските избори во Белорусија, изјавија денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и германската канцеларка Ангела Меркел по вонредниот самит на ЕУ за Белорусија.
Мишел наведе и дека ЕУ „набрзо” ќе воведе санкции кон „значитечен” број претставници на белорускиот режим, кои учествувале во изборната кражба и насилството врз демонстрантите.
– ЕУ е на страната на народот на Белорусија, изјави Мишел по Самитот, додавајќи оти Унијата бара да бидат ослободени сите притворени демонстранти.
Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан на Твитер напиша дека Европски совет испратил „три силни пораки”.
– Ние ги подджуваме Белорусите кои сакаат основни слободи и демократија; Ние ќе ги санкционираме сите одговорни за насилството, репресијата и лажирањето на изборните резултати; Ние ќе поддржиме мирна демократска транзиција во Белорусија, напиша Лајан на Твитер.
Таа по завршувањето на Самитот изјави и дека ЕК ќе ги пренасочи 53 милиони евра предвидени за Владата на Белорусија кон невладините организации, жртвите на државната репресија и за помош во бробата против Ковид-19.