Носиме одлука за избор на одговорни, отчетни, професионални и посветени кадри кои ќе ја имаат задачата да ги предводат институциите и да испорачаат резултати кон граѓаните, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил додека во скопскиот хотел се уште трае седницата на Централниот одбор на партијата.
– Пред Централниот одбор ги презентирам принципите и вредностите на идната владина коалиција. Во новиот, полн мандат ќе покажеме дека може да работиме и повеќе и подобро во остварување на програмата која води напред, на вистинскиот, на европскиот пат, патот на економијата и правдата. наведува Заев.