Кијану Ривс ги пофали мерките за заштита за целата екипа на „Матрикс 4“

Кијану Ривс изјави дека нема ништо друго освен пофалби за мерките за заштита од коронавирус на снимањето на „Матрикс 4“.

Во видео интервју за „Асошиејтед Прес“ објавено во неделата, ѕвездата на акционите серијали „Матрикс“ и „Џон Вик“ тврди дека има добро-промислени и ефикасни протоколи кои секој ги почитува.

Актерот го снимал интервјуто од Берлин, каде што започна продукцијата на новото продолжение на „Матрикс“ на почетокот на овој месец.

„Постојат ефективни протоколи кои воопшто не влијаат на продукцијата или на ритамот на снимање. Сè е добро организирано, и нема прекини,“ вели Кијану.

Снимањето првично започна во Сан Франциско, каде некои локални жители беа лути поради уништување на имотот при снимање на акциони сцени.

Снимањето се пресели во Берлин во февруари, но набрзо прекина среде пандемија на Ковид-19.

Оригиналниот „Матрикс“ од 1999 година беше еден од најуспешните филмови во тоа време, дури и децении подоцна. Првиот заработи четири „Оскари“ заедно со многубројни пофалби од критичарите.Тој направи пробив во жанрот на сајбер-фикција.

Трилогијата “Матрикс” стана супер популарна благодарение на оригиналната приказна и одлични визуелни ефекти.

Треба да знаете
Последни објави