Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот кај северниот сосед Србија, Предраг Кон соопштил дека е рано да се зборува за попуштање на дополнителните мерки. Со укинување на мерките според Кон може да се почне кога бројот на новоинфицирани случаи ќе биде подолго период под 100 лица, пренесуваат српските медиуми.
За олабавување на мерките кои се на сила допорва ќе се расправа, но според Кон е поважано во моментов да почната да се одржуваат културните настани според одредени протоколи, но и да се разгледа можноста да им се дозволи на кафетериите да почната да работат со продолжерно работно време.
-Не можам да бидам слеп или глув за да не ги видам и чујам потребите на гарѓаните за што има барања до Кризиниот штаб и на институциите кои се занимаваат со економските прашања во овоа време со препереки. Најдобро би било да се сведат на минимум условите за ширење на вирусот, но доколки истовремно се закочи економскиот тек и приходите се загубат, тогаш ништо не сме направиле – вели Кон.
По којзнае кој пат епидемиологот предупредува дека најважно е да се почитуваат мерките, посебно заштитните маски, бидејќи наближува почетокот на школската година. Ризикот е присутен доколку границите се слободно отворени, како и при варќањето на нашите граѓани од странство.
-Воведовме рестриктивни мерки за граѓаните кои пристигнуваат во нашата држава од Хрватска, Бугарија, Романија, Македонија. за нашите граѓани кои се враќаат дома засега нема обврска да се тестираат или да замината во самоизолација. Фактичката состојба е драматична и не би требало да биде изнеандување ако за српските државјани од овие мерки некоја стане задолжителна – предупредува Кон, кој во наредните денови очекува бројот на новозаразените лица да се движи од 100 до 200, па мпотоа да почене и да се намалува.