Навас ќе може да го чува голот на ПСЖ во финалето

Во пресрет на финалето од фудбалската Лига на шампионите каде ПСЖ го чека подобриот од вечерашниот дуел Баерн-Лион, добра вест пристигна од лекарскиот тим на „светците“ за тренерот Томас Тухел. Пред своето прво историско финале во елитното клупско натпреварување ЛШ, се лекарскиот тим го опоравил од повредата на ногата стандардниот чувар на мрежата Кејлор Наваз и тој ќе може да застане меѓу стативите.

Навас не го доигра мечот против Аталанта, беше заменет во 79-тата минута поради повреда, а на негово место влезе Серхио Рико, кој бранеше на потребното ниво против РБ Лајпциг.

Навас се врати во натпреварувачки погон и се очекува в недела да застане на голот од францускиот првак. Враќањето на Марко Верати исто така е вест која го радува Тухел. Италијанскиот играч за врска вчера го одигра финишот од средбата против Лајпциг.

Треба да знаете
Последни објави