Општина Аеродром деновиве уреди нов парк спроти поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Стар Аеродром. На површина од 2000 м2 се изградени нови пешачки патеки, а се поставени и чешмичка за вода, како и нови клупи и канти за отпадоци. Општина Аеродром го обнови и постојното детско игралиште каде се поставени нови реквизити за безбедна игра на најмалите.
Исто така, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ги обнови тревните површини и ги уреди хортикултурно, а засадени се и нови дрвја на оваа локација.
Општината продолжува да ги обновува зелените површини и да подига нови зелени катчиња во секој дел од Аеродром.