Норвешка денеска објави дека протера еден руски дипломат, откако пред неколку дена во Осло беше уапсен Норвежанец осомничен за шпионажа во корист на Русија.
Норвешката разузнавачка служба (ПСТ) во понеделникот соопшти дека пред два дена уапсила Норвежанец осомничен дека предал чувствителни информации на лице идентификувано како агент на руските разузнавачки служби.
– Го известивме амбасадорот на Русија дека еден службеник од Амбасадата е непожелен како дипломат и оти ќе биде замолен да ја напушти Норвешка, изјави портпаролката на норвешкото Министерство за надворешни работи, Сири Свендсен.
Таа додаде дека тоа е направено бидејќи неговото дејствување не било во согласност со неговата улога и статус на дипломат.
Рускиот дипломат од Тровското одделение на Амбасадата ќе мора до крајот на неделата да замине од Норвешка.
Додека уапсениот Норвежанец работел во Канцеларијата за сертификати, спцијализирана за проверка на индустриските инсталации и на сообраќајните средства. Тој признал дека предал инфоцмации за замена за „значителна сума пари”, но оти верува дека таквите информации не ги загрозуваат државните интереси.
ПСТ во својот годишен извештај, објавен во февруари, предупреди на ризиците од шпионажа во корист на Русија, Кина и Иран во разни области.