Општина Кисела Вода: Светскиот ден на хуманоста да не поттикнува да помагаме

Денеска ширум светот се одбележува Денот на хуманоста.

Секоја година овој ден треба да го одбележуваме се со цел да им искажуваме благодарност на Обединетите нации, на членовите на хуманитарните организации, меѓународните институции и поединците кои се вложуваат себеси, да им помогнат на немоќните, загрозените и сиромашните лица.
Овој ден, постојано да продолжи да не поттикнува да помагаме секому, да излегуваме во пресрет секогаш кога е потребно.
Само со хуманост, без разлика на кому му е потребна помош ќе успееме да направиме среќни насмеани лица, без разлика на нивната политичка, етничка, родова, верска и друга припадност.
Во ова време на пандемија им благодариме и на сите вклучени во борбата со вирусот „Ковид-19″, на сите што ги ризикуваат своите животи за побрзо справување со истиот, на сите кои доставуваат помош на оние лица на кои истата им е најпотребна.
И благодариме на Европската унија за досегашната огромна помош на нашата држава. Им благодариме и на сите пријателски земји кои ни помогнаа во справувањето со вирусот.

Меѓународниот ден на хуманоста, се одбележува во знак на сеќавање на бомбашкиот напад кој се случи на 19 август во 2003 година, во кој во Багдад, во Ирак животите ги загубија 22 хуманитарни работници.
Во 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации го официјализира 19 август како Светски ден на хуманоста.

„Ако не можете да нахраните сто луѓе, нахранете само еден човек„ – Мајка Тереза

Треба да знаете
Последни објави