Триесет и седумгодишната Рубина Митева од Свети Николе, по 25 дена, ја доби битката со корона вирусот. Нејзиниот приказна на фејсбук ја објави министерот за здравство, Венко Филипче.
-Пациентите да веруваат во стручноста на лекарите и да ги слушаат препораките на медицинскиот персонал. Задоволна сум од грижата и вниманието од сите вработени во велешката болница. 25 дена бев хоспитализирана со покачена температура, потешкотии во дишењето и кашлица. Среќна сум дека сум жива и здрава. И среќна сум бидејќи повторно сум со моето семејство. На никого не му посакувам да почувствува што значи страв, грижи и несоница како за своето здравје, така и со мислите за своите најблиски, вели Митева.
Таа испраќа апел до сите граѓани да носат заштитна маска.
-Поради тоа, апелирам каде и да одиме да носиме заштитна маска. Редовно да ги миеме рацете и да одржуваме потребна физичка дистанца. Нема ништо поважно од здравјето и семејството, вели Митева.