Тодоров: Моделот на настава е образование по мерка на родителот

Онлајн наставата и регуларната настава треба да се држат истовремено преку стриминг во живо, или преку снимање на предавањата и потоа нивно објавување на посебна платформа, пишува во својата најнова колумна за „Дојче Веле“, поранешниот министер за здравство и за образование, Никола Тодоров.

-Моделот треба да биде дополнително флексибилен, за родителот да може да одлучи и да го промени во текот на неделата, па во контакт со класниот или одделенскиот раководител да го известува дали неговото дете во текот на неделата наставата ќе ја посетува онлајн или со физичко присуство. Секако, одговорното родителство подразбира во носењето на оваа одлука да го вклучи и размислувањето и преференцата и на сопственото дете. Дополнително, Бирото за развој на образованието во соработка со катедрата по психологија при Универзитетот Св.Кирил и Методиј и Комисијата за заразни болести би требало да развијат концепт за настава на учениците од прво и второ одделение и систем за проверка на знаењата на учениците од сите одделенија (посебно за тие што наставата ќе ја следат онлајн), кој ќе биде веродостоен и нема да предизвикува дополнително психичко оптоварување на учениците. Мислам дека онлајн настава за децата од прво и второ одделение е речиси невозможна и нема да има забележителен ефект. Затоа тука треба посебна програма.

Вака би можело да биде организирано најмалку првото полугодие од учебната година со можност доколку се подобри состојбата со пандемијата кај нас, да се вратиме на регуларниот модел во текот на второто полугодие. Учениците не смеат да останат без образование, но и никако не смееме да ги изложиме и нив, но и сите останати на еден неразумен ризик. Затоа сега ни е потребно „tailor-made“ образование, прилагодено на состојбата со пандемијата и преференците на родителите/старателите на учениците. Секое друго решение ќе има потенцијал да ја турне владата, која и да е, уште неседната и од образовен, и од здравствен, но и од родителски аспект. Има многу негативен набој, изразита нетрпеливост за различно мислење и неизвесност за тоа што ќе биде утре и од здравствен и од економски аспект, па сето ова налага внимателно да се носат одлуки. Сега треба меко и без наметнати решенија, пишува Тодоров.

Целата колумна прочитајте ја на  „Дојче Веле

 

Треба да знаете
Последни објави