„Кочина, коњушница, и како уште не“. Ова се само дел од коментарите кои излегоа на социјалните мрежи откако беа објавени фотографии од училиштето во с. Житоше, Општина Долнени.
Распаднати таолети, клупи кои само наликуваат на првобитната состојба, цигли наместо малтер на ѕидовите, дупки од глувци на подот.
-Дали знаете што е ова?? Го нарекуваат училиште, да добро прочитавте УЧИЛИШТЕ. И овде во вакви услови треба да почне школската година за неколку дена со физичко присуство на децата, со маски и средства за лична хигиена- коментираат граѓаните и жителите на селото.
(В.А.)