Фулам сака да го врати Пике во Премиер лигата

Барселона ќе се раздели со доста играчи ова лето, а голем број на екипи „ги свртеа очите” на „Камп Ноу” за нивните услуги.

Еден од нив е дефанзивецот Жерард Пике, иако претседателот Пеп Марија Бартомеу во вторникот донесе одлука дека тој не е на продажба, но настапот на дефанзивецот во последните години беше разочарувачки и логично е да се бара нов клуб за него.

Според „Либеро”, англиски Фулам сака да го врати играчот на Островот по неговата промоција во Премиер лигата. Пике (33) играше за Манчестер Јунајтед кога беше млад, а во 2008 година се врати во Барселона со Пеп Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави