Англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи е сериозно заинтересиран за услугите на играчот од средниот ред на бундеслигашот Баер, Каи Хаверц и повеќе од еден месец е во преговори, пренесува „Билд”.
Управата на германскиот клуб издаде ултиматум според кој, ако до 28 август трансферот не биде завршен, фудбалерот се враќа на тренинзи во Леверкузен.
Познато е дека Хаверц сака да ја продолжи кариерата во Челзи и одамна се договори за личните услови и петгодишна соработка.
Баер сака да добие околу 100 милиони евра за својот фудбалер.