Берош не верува дека во Хрватска почнал трет бран од коронавирусот

Министерот за здравство во Хрватска, Вили Берош изјавил дека не верува оти во неговата земја букнал трет бран на коронавирусот со зголемениот број на новоинфицирани лица, како што изјавил портпаролот на словенечката влада Јелко Кацин.

-Не верувам дека станува збор за трет бран од коронавирус во Хрватска им соопштил Берош на новинарите по состанокот кој го имале во потесен круг на министри.

Што се однесува до зголемениот број на новоинфицирани лица од коронавирусот во Хрватска  денешните бројки според него можат да бидат рекордни, но тоа било очекувано, а не изненадувачки.

-Повеќе од 35 одсто од новозаразените се инфицирани од контакти со познати болни лица и тоа е во ова невреме добро- рекол Берош пренесуваат хрватските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави