Фатмир Битиќи, претседател на Економската комисија на СДСМ и советник на премиерот е кандидат за функцијата вицепремиер за економски прашања, која ја добива партијата според коалицискиот договор со ДУИ, дознава 24 Инфо.
Актуелниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ќе ја напушти оваа функција бидејќи министер ќе предложи ДУИ. Манчевски, пак, е предвидено да биде потпреседател на Собранието, но и нов генерален секретар на СДСМ, бидејќи Љупчо Николовски ќе биде министер за одбрана.
Според информации на 24 Инфо, Манчевски е во игра и за нов министер за транспорт и врски, за кое е кандидат и Зоран Китанов, директорот на јавното претпријатие за државни патишта.
Радмила Шекеринска најверојатно ќе биде вицепремиер за евроинтеграции, а Никола Димитров се уште е во игра за министерската фотеља во Правда. Оливер Спасовски се враќа во МВР.
Кој ќе бидат носители на функциите во новата влада ќе биде познато по вечерашната седница на ЦО на СДСМ каде ќе се расправа за коалицискиот договор со ДУИ, каде истот така денеска нјвисоките органи расправаат за поделбата на власта во новт Влада.