Следната недела ќе почнат клиничките испитувања за потенцијалната кубанска вакцина против Ковид-19, а резултатите од тие тестови ќе бидат достапни во февруари следната година.
Според Си-Ен-Ен, вакцината наречена „Суверенитет 01″ ќе биде тестирана врз 676 лица, на возраст од 19 до 80 години, а истражувањето ќе заврши до 11 јануари 2021 година.
На развојот на кубанската вакцина работи тим од истражувачи од државниот институт Финли во Хавана.