Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина за коронавирус биле направени над 2.000 тестирања, на кои 341 лице биле позитивни.
Според порталот „Кликс“, во федерацијата БиХ има 234 нови случаи, додека 106 новозаразени се регистрирани во Република Српска.
Во округот Брчко има едно новозаразено лице со коронавирус.
Вкупно 426 лица закрепнале во Босна и Херцеговина во последните 24 часа, а починале 12 кои биле заразени со вирусот.