Загина грчки морнар во пожарот на товарниот брод во Арапското море

Во пожарот што изби на товарниот брод во сопственост на грчка бродска компанија, додека пловел во Арапското море, загина еден морнар, повреден е уште еден, а и двајцата се грчки државјани.

Министерот за поморство и островска политика на Грција Јанис Плакиотакис во интервју за грчката телевизија „Скај” рече дека од 18 членови на екипажот, пет се Грци, а меѓу нив и загинатиот и повредениот морнар.

-Пожарот е изгасен, сега, членовите на екипажот се обидуваат, доколку можат, одново да ги стават во функција моторите, секако дека се бара и помош. Но, бродот се наоѓа 550 наутички милји од брегот на Оман. Бродот што е најблиску до нив е брод на американската воена морнарица и е на 650 наутички милји. Бродот, всушност, во овој момент плови сам, рече Плакиотакис .

Карго бродот „Фанеромени”  што плови под грчко знаме од Обединетите Арапски Емирати кон Северна Африка,  е празен, односно без товар, а засега се непознати причините за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави