Израелски борбени авиони гранатираа неколку позиции во Газа, вклучувајќи го и воениот комплекс на военото крило на Хамас, Бригадата „Иџедин ал-Касам”.
Засега не се потврдени жртви, а некои куќи се оштетени во израелскиот напад, јави Анадолија.
Авичај Адреј, портпарол на израелските вооружени сили, потврди дека израелските борбени авиони гаѓале неколку позиции во Газа, вклучувајќи го и воениот комплекс на военото крило на Хамас, Бригадата „Изџедин ал-Касам”.
Според очевидци, најмалку два воздушни напади зафатиле одредени позиции на бригадата Изџедин ал-Касам во југоисточна Газа.
Израелската војска и во понеделникот бомбардираше одредени позиции на Хамас во блокираниот Појас Газа.
Израелската армија на својот профил на Твитер соопшти дека некои набљудувачки точки, кои припаѓаат на движењето Хамас, се погодени од артилериски оган. Во соопштението се наведува дека нападот е извршен како одговор на пуштањето запаливи балони од Газа кои предизвикуваат пожари во Израел.