По срамниот пораз на Барселона (2-8) од германскиот Баерн Минхен во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите, шпанските медиуми не престануваат да пишуваат дека капитенот и еден од најдобирите фудбалери на денешницата Аргентинецот Лионел Меси ќе замине од „Камп Ноу“.
Меси (33 г.) кој својата цела фудбалска кариера ја изгради и мина токму во Барселона има намера да замине во дриг клиб, наместо да се пензионира во каталонскиот гигант.
Претседателот на Барселона по еден од највисоките и најтешки порази во историјата на клубот, Жозеп Марија Бартомеу најави комплетен ремонт на тимот, но кога станува збор за „првата виолина“ Меси потенцира дека ќе остане во нивната средина и тука ќе се пензионира.
На ваквите најави од Бартомеу, „Марка“ излезе со натпис во кој вели дека во овие тешки моменти пред Аргентинецот на располагање се три опции. Една да го продолжи договорот со Каталонците, и две да ја смени средината. Да се пресели кај Пеп Гвардиола во англискиот Манчестер сити или во богатиот француски ПСЖ. Двете екипи будно го следат развојот на настаните во Барселона и се на „низок старт“ ако им се укаже шанса да тргнат во траката за да ја доведат ѕвездата во своите редови.