Во второто тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 390 000, а во градско-приградскиот е 6 746 000. Во железничкиот превоз, пак, бројот на превезени патници изнесува 28 000.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 2 738.
Во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со второто тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2.3 отсто, во железничкиот превоз е намалено за 15.3 отсто, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 66 отсто.