Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 22 до 31 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 28 степени.