Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички во штотуку започната нова сезона ја зголеми конкуренцијата во своите редови со ангажирањето на младиот српскиот интернационалец Лука Чумиќ со кого потпишал тригодишен договор.
Според информациите од клубот станува збор за играч кој има само 19 години, а првите фудбалски чекори ги направил во академијата на белградски Партизан. Игра на позиција во нападот.
Чумиќ во редовите на Работнички ќе го има првото интернационално искустов, а претходно има настапувано за Врчин, Рад и Металац.