Снимките потврдиле: Нефи Усеини го тепал Спире Топалоски со пиштол

Охридската полиција констатирала дека во нападот врз Спире Топалоски од страна на општинскиот советник и бизнисмен, Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, бил употребен пиштол, пишува „А1он“.

Неофицијално, ова е утврдено по прегледот на снимките од видео надзорот, кои се одземени од хотелот каде што се случи инцидентот. Полицијата извршила и разговори со очевидци, односно лица кои се затекнале таму во времето кога Топалоски бил нападнат.

Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Усеини, по што, случајот ќе треба да го процесира Обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави