Повратникот во селекторската фотелја на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике за новата сезона од Лигата на нации која е закажана да почне на почетокот од септемви го направи изборот на кандидатите за дуелите со Германија и Укарина. Шпанија на 3 септември ќе се соочи со Германија, а три дена подоцна со Украина. За овој двомеч, Енрике повика дури осум дебитанти: Унаи Симон, Серхио Регуиљон, Ерик Гарсија, Ансу Фати, Адама Траоре, Феран Торес, Микел Мерино и Оскар Родригез.
Еве го комплетниот список со кандидатите на кои ќе смета Енрике: Голмани: Давид Де Хеа, Кепа Аризабалага, Унаи Симон; Одбрана: Хесус Навас, Дани Карвахал, Серхио Рамос, Пау Торес, Диего Љоренте, Хозе Гаја, Серхио Регуиљон, Ерик Гарсија; Средина: Фабиан Руиз, Тиаго Алкантара, Серхио Бускец, Родри, Микел Мерино , Оскар Родригез, Дани Олмо. Напад: Родриго Морено, Микел Ојарзабал, Адама Траоре, Марко Асенсио, Ансу Фати, Феран Торес.