Кина веќе четири месеци е без смртни случаи од Ковид-19

Кинеските здравствени власти соопштија дека во последните четири месеци не починал ниту еден хоспитализиран пациент со коронавирус.

Претставникот на Националната здравствена комисија, Гуо Јанхонг, изјави дека тоа е најсилниот доказ дека кинеското искуство, методите и стратегиите во лекувањето на коронавирусот се добри, и ја пофали стратегијата на Кина во спречувањето на ширењето на Ковид-19, објави Си-Ен-Ен.

На 14 април кинеската Национална здравствена комисија последен пат пријави смрт од коронавирус, кога беше регистриран еден смртен случај во покраината Хубеи, се гледа од податоците на веб страницата на Комисијата.

Треба да знаете
Последни објави