Кит долг петнаестина метри ги преплашил капачите крај брегот на Крк

Кит долг петнаесетина метри е забележан крај брегот на Крк. Туристите и мештаните кои за време на релаксацијата во водите на Јадранското Море се нашле во близината на „гостинот“ се преплашиле од неговата појава, пренесуваат хрватските медиуми.

-Со штотуку поправениот џет-ски тргнав по морето. Во еден момент слушнав тап звук, па си помислив дека повторн нешто се расипа. Кога се обѕрнав назад видов зад мојот грб голем кит кој исфрлаше вода. Се завртив кон него и полека тргнав напред, па за малку ќе се судревме. Тој два-три пати заронуваше и испловуваше на површината и потоа исчезна. Искрено се исплашив – изјавил за 24.сата.хр. Јосип Ѓуриќ (27 г.) од Крк, кој имал блиска средба од само неколку метри со големото морско животно.

Китот дошол на само 50 метри од самиот брег. Претходниот ден, во вторникот во Велебитскиот канал екипа од Институтот „Плав свет“ успеала да го фотографира и снима од непосредна близина.

 

Треба да знаете
Последни објави