Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл може да се врати назад во Англија, пренесува „Ел Еспанол”. Според шпанскиот портал, неговиот поранешен клуб Тотенхем од каде пристигна во Мадрид во 2013 година е заинтересиран за 31-годишниот Велшанец. Тренерот на „Спарс” Жозе Мурињо, сака во неговиот тим да го види Бејл кога го има тренирано во мадридскиот клуб.
Во сезоната 2019/20, Бејл одигра 20 натпревари во сите натпреаврувања и постигна три гола.