Ангеловска: На сметките на над 140 илјади граѓани се легнати 2,7 милиони евра од ДДВ

Министерката за фианнсии Нина Ангеловска  на Фејсбук објави дека досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.

Исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020., вели таа.

 Поврат: 5,44 милиони евра

* Граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или 25.000 граѓани повеќе во однос на претходното тримесечје

* Скенирани сметки: 41,7 милиони сметки

* Направен промет: 21,4 милијарди денари

Треба да знаете
Последни објави