Општина Штип ќе добие в. д. градоначалник, откако сегашниот градоначалник Благој Бочварски ќе ја преземе министерската функција во Министерството за транспорт и врски. Тој ќе биде избран од редовите на советниците во Советот на Општина Штип.
Додека за различните толкувања за тоа дали во Штип ќе има предвремени Локални избори сто дена по неговата оставка или шест месеци по завршување на функцијата на в.д. градоначалникот, Бочварски со одговор дека правните експерти треба да кажат што во овој случај треба да се примени.
„Јас и досега имав назначено заменик градоначалник од редот на советниците, постапката ќе ја продолжи општината и ќе се преземат сите наредни чекори, ќе се избере в.д. градоначалник кој ќе ја извршува таа функција се до следните локални избори. Законот е јасен па ќе го толкуваат и нашите правници. Реална е таа можност да се оди на предвремени локални избори, според овие закони, нека ги толкуваат правниците, како ќе се одлучи, веројатно е дека во Штип ќе треба да има предвремени локални избори. Во кој момент ќе се случат треба да одреди Владата и ресорното министерство“, изјавил Бочварски.