Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 13.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, со коронавирус се заразиле 13.076 лица.

Според податоците на министерството за здравство,вкупната бројка на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.900.

Вчера беа регистрирани 108 новозаразени од кои најмногу во Скопје (45) и Куманово (18), каде во моментов има и најмногу активни случаи на коронавирус.

Хоспитализирани се 353 лица.

Треба да знаете
Последни објави