Директорот на Зоолошката градина Ѓорги Галетановски Чомбе на Фејсбук ги негираше обвинувањата од Ирена Попова, советничка во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, која праша дали тој бил во присуство на директорот на ЈП „Улици и патишта“, кога бил уапсен со кокаин, и дали него намерно не му бил извршен претрес.
-Еве дека сака да биде актуелна госпоѓица Ирена јавно ќе и одговорам дека дрско лаже, дека МВР не крие ништо и дека нит сум бил таму, нит ме претресле некаде. Воедно ќе и порачам дека ако не ми се извини јавно ќе добие тужба за клевета и нарушување на углед. Госпоѓице Ирена. имате нови 4 години за да се докажете кај новото раководство на ДПМНЕ , така да пробајте се во глумата сигурен сум дека покрај другите способности ве бива и за тоа“, пишува Галетановски.
https://www.facebook.com/gjorgic.galetanovski/posts/3405149639547612