Гарсија: Лион требаше прв да постигне гол

Тренерот на францускиот полуфиналист во фудбалската Лига на шампионите Лион, Руди Гарсија ги сумираше впечатоците од пресметката со Баерн што ја загубија со 0:3, откако претходно ги елиминираа Јувентус и Манчестер сити.

– Требаше први да постигнеме гол, тоа не се случи, а потоа противниците го презедоа водството благодарение на индивидуалната вештина на Гнабри. Чувството на неправда постои. И во второто полувреме се обидовме да не се откажеме. Не му дозволивме на Баерн да се опушти и мислам дека тие се среќни што нè победија, иако важеа за апсолутен фаворит. Можеме да бидеме горди на нашиот настап, но сега, се разбира, сме разочарани. Среќата целосно се оддалечи од нас на почетокот на натпреварот, кога промашивме две идеални шанси, истакна Гарсија.

Баерн во финалето ќе игра со ПСЖ.

Треба да знаете
Последни објави