Грабеж како на филм: Србин ограбил жена, маж и му се фрлил на хауба да ја спаси чантата!

Лопов со српско потекло е уапсен во Шпанија заради кражба на женска чанта од кампер на една бензинска станица во Каталонија, и тоа на 6 август. Моментот на филмскиот грабеж и уште пофилмското бегство е снимен од надзорните камери на бензинската.

Настанот се случил околу 5 часот утрото, додека жртвата и сопругот спиеле на паркиралиштето во својот кампер. Мажот се разбудил откако ја слушнал вревата и се дал во потера по крадецот. Се обдидел да го стигне и му се фрлил на автомобилот. Не успеал долго да издржи на хаубата од возилото, па паднал и си ја повредил ногата.

Апсењето на осомничениот се случило на 15 август, а се уште се трага по неговиот помагач.

Треба да знаете
Последни објави