Заев ја издаде Нина Ангеловска, владата знаела за случајот Еуростандард банка

Зоран Заев вчера кажа дека знаел за Еуростандард банката веќе година дена. Министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека не знаела ништо. Ова е огромен скандал. И манипулација со граѓаните.

Кој лаже Заев или Нина?!

Доколку Нина навистина не знаела, тогаш во кое својство Заев знаел и како оделе податоците до него, кога директен учесник во процесот на макроекономијата е министерството за финансии.

Нина манипулира и ја лаже јавноста.

Нина знаела и била должна да знае, согласно функцијата која ја извршува. Самиот факт што ги повлекла парите предвреме е доказ за тоа.

Нина Ангеловска мора да сноси одговорност.

Треба да знаете
Последни објави