Криза во полската влада, уште еден министер поднесе оставка

Полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович поднесе оставка, објави ресорното министерство.

Во јули, Чапутович навести дека може да се повлече од функцијата шеф на дипломатијата, откако владејачката партија „Закон и правда“ ги објави плановите за кадровски промени во владата.

Оставката на Чапутович се случува два дена по оставката на полскиот министер за здравство Лукаш Шумовски, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави