Портпаролот на Путин му посака брзо закрепнување на отруениот противник на Путин

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални заврши во одделението за интензивна нега на сибирската болница во кома и на респиратор, откако, според неговата портпаролка, тој бил отруен утрово.

Симптомите на Навални се конзистентни со труење.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, му посака брзо закрепнување на рускиот опозиционер, кој се наоѓа во болница и се бори за живот.

Шефот на правниот оддел на антикорупциската фондација што ја води Навални, Вјачеслав Гимади, на „Твитер“ напиша дека нема сомнежи дека Навални е отруен поради неговата политичка положба и активности.

Навални беше затворен десет пати, полиен со опасна течност, тој се сомнева дека веќе е отруен еднаш.

Државната новинска агенција ТАСС објави дека Навални бил во единицата за токсикологија на одделението за интензивна нега во болница во Омск.

„Неговата состојба е сериозна“, рече главниот лекар на болницата, Александер Мураковски, за ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави