Вики Миљковиќ првпат прозборе за парализата на синот и драмата низ која поминувале

Фолк-пејачката Вики Миљковиќ неодамна во интервју првпат прозборе за здравјето на нејзиниот син Андреј (10) и за драмата низ којашто поминале оти тој одеднаш како да се парализирал и не можел да стои на нозе. Пејачката откри дека ова се случило пред неколку години, ама дека и сега ѝ е болна тема и дека ретко се навраќа на тоа.
„Андреј неколку дена имаше покачена температура која не можевме да ја симнеме со сирупи, капење, разни облоги. Не помогнаa ни лековите ни старинската медицина. Отидовме на лекар, правевме анализи на крвта и тоа траеше неколку дена. Одеднаш температурата му се спушти и Андреј таа вечер спиеше мирно по долго време. Кога помислив дека најлошото помина, ме разбуди неговиот плач. Викаше на глас дека не може да стои на нозе. Стапалата му се згрчија, а потколениците му беа тврди како камен. И денес се вознемирувам кога ќе се сетам на ова, беше страшно“, рекла Вики во интервјуто…

Преземено од Репортер

Треба да знаете
Последни објави