Застарела една од двете пријави против претходното и сегашното раководство на ФФМ

Застарела една од двете кривични пријави против претходното и сегашното раководство на ФФМ поднесени од досегашниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, објави „А1он“.

Кривичната пријава прво ја разгледало Обвинителството за организиран криминал кое ја
препратило за постапување на Јавното обвинителство Скопје кое, пак, ја отфрлило поради застареност. Другата кривична пријава, пак, е разгледана, но Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција не нашло елементи на кривични дела.
Двете кривични пријави за злосторничко здружување, злоупотреба на службена должност и овластување и фалсификување исправа против ФФМ, Каевски ги поднесе во 2019 година.

Досегашниот директор на Агенцијата, а сега пратеник Дарко Каевски, вели дека не добил официјално известување за одлуките по кривичните пријави, но дека ќе преземе се што е во негова моќ за да го истера случајот до крај.

За криминалот во ФФМ од Обвинителството велат дека активно работат по кривичните пријави за криминал во ФФМ поднесени од самата Федерација и од Управата за финансиска полиција, која на крајот на минатиот месец поднесе кривични пријави против 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во федерацијата.

Треба да знаете
Последни објави