Меси не се шегува – и на Куман му рекол дека сака да си оди!

Каталонија е на нозе откако вечерва своја средба имале новиот тренер на Барселона, Роналд Куман и најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси.

Навивачите се надева дека една недела по дебаклот од Баерн е спуштена тензијата и дека Аргентинецот ќе се премисли во врска со својата иднина, особено поради тоа што се направени низа измени во клубот, донесен е нов тренер, а си замина и спортскиот директор Ерик Абидал. Излезе дека не е така.

Радио Каталонија тврди дека Меси на Куман му рекол дека својата иднина не ја гледа во Барселона и дека би сакал да си оди од клубот. Свесен е само дека има уште една година од договорот и дека не се прашува тој, туку Барса.

Од Барса, наводно, веднаш реагирале. Претседателот Жосеп Марија Бартомеу јасно дал на знаење дека Меси ќе остане до крајот на договорот, па макар и идната сезона да си замине без отштета. Позитивно во целата ситуација е што за седум месеци има претседателски избори, па ситуацијата може целосно да се сврти.

Треба да знаете
Последни објави