Преслатко: Штотуку родено дете му помогнало на татко му да ја запроси неговата мајка

Коби Селорс бил стар само два дена кога му помогнал на татко му, Џон Селорс (29) да направи големо изненадување.

 

Во неговиот инкубатор имало веренички прстен и порака: „Мамо, ќе се венчаш ли за мојот татко?“.

Детето се родило 10 недели порано, но е во добра здравствена состојба. Медицинските сестри во неговиот инкубатор го ставиле прстенот заедно со пораката.

Сиана Стафорд (26) на почетокот не ја забележала пораката, но на крајот рекла „Да“.

„Јас не сум баш романтичен, но сега сакав да ја усреќам Сиана, а и таа веќе некое време даваше знаци дека сака да се венчаме. Сестрите беа прекрасни и навистина ми помогнаа тој момент да нѝ остане во сеќавање. Ми рекоа само Сиана да ја однесам на кафе и дека тие ќе направат сè. Кога се вративме, пораката и прстенот беа на свое место и тоа беше прекрасен момент, за кој никогаш нема да можам да им се оддолжам“, раскажал тој.

„Бев шокирана, навистина не очекував. Кога се вративме на одделението, сестрите ми рекоа дека му го тргнале апаратот за дишење на Коби. Морав да појдам кај него за подобро да го видам без апарат. Бев толку многу сконцентрирана на Коби, што на почетокот не го забележав прстенот. А, потоа Џон ми рече: ‘Погледни, мислам дека Коби сака нешто да те праша’“, додала Сиана.

Џон и Сиана заедно се веќе осум години, а имаат и поголема ќерка, Роби (4).

Треба да знаете
Последни објави