Принцот Хари и Меган се враќаат во Британија

Меган Маркел и принцот Хари се враќаат во Велика Британија откако оваа земја ја напуштија пред повеќе месеци и се преселиле најпрво во Канада а потоа во Америка каде што моментално живеат.

Дека Меган и принцот Хари се враќаат во Велика Британија открил новинарот Омид Скоби кој е коавтор на нивните биографии “Пронаоѓање слобода“ која е најпродавана книга во оваа земја (пред неколку дена објавена)

Скоби додал дека враќањето на војвотката и војводата од Сасекс ќе се случи откако ќе попуштат ограничувањата за патување поради корона вирус, пишува Дејли мејл.

Како што напоменал за “Rojal Central”, Меган и Хари сакаат да бидат активни, а причината за нивното враќање во Битанија ќе биде хуманитарна работа која е центар на нивните активности.

Скоби истакнал дека базата на Меган И хари и понатаму ќе биде Америка, но по укинување на ограничени патувања тие ќе допатуваат во Британија од приватни професионални причини. Една од причините е поради многу започнати работи во родната земја на Хари.

Центарот на нивната хуманитарна работа ќе биде нивната непрофитна хуманитарна организација “Арчивал“, наречена по нивниот син Арчи Харисон.

Треба да знаете
Последни објави