Во новата Влада која синоќа ја промовираше претседателот на СДСМ Зоран Заев има само четири жени. Имено, од 19 министерски или потпретседателски места, само 4 жени ќе раководат со некое од нив и тоа, Радмила Шекеринска со Министерството за одбрана, Мила Царовска со Министерството за образование, Јагода Шахпаска со Министерството за труд и социјална политика и Ирена Стефоска со Министерството за култура. Од 19 министри СДСМ на свој предлог има 11 од коишто 8 се министри со ресор плус 3 потпретседатели на Владата кои се предлагаат како министри без ресор со надлежност којашто владата ја дава во областите, економија, владеење на право и борба против корупција и евроинтеграции.
,,Од 8-те министри со ресор 4 се жени, 4 се мажи. Остануваме доследни и во вака комплексни ситуации на коалициско договарање каде постојат 26 политички партии заедно со партијата ДУИ и испраќаме порака за еднаквост помеѓу мажите и жените во нашата земја“-рече идниот премиер Зоран Заев.
Истовремено од редовите на коалицијата ,,Можеме“ за коалиционите партнери се дадени ресорите земјоделиство кај БЕСА и министерот за локална самоуправа на коалициониот партнер ЛДП.



