Во Хрватска пристигнала првата пратка од израелските маски кои сами го уништуваат коронавирусот, јавуваат тамошните медиуми. Маските денеска ќе бидат дистрибуирани по аптеките и ќе се продаваат за 40 куни.
Од фирмата увозник Ринигард соопштуваат дека ова е првата од низата порачки на оваа заштитна маска за која интерес за купување на големо покажале и Србија, Унгарија, Австрија и Швајцарија.