Штедачи од „Еуростандард банка“ обединете се!

Дел од штедачите денеска упатија апел до медиумите да го објават нивниот повик до оние 780 штедачи кои имаат влогови над 30.000 евра во банката за да се организираат и да се претстават пред сите домашни и меѓународни институции со еден претставник.

-За обештетување на своите средства ние ќе мора да се потпреме на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем, функционирањето на истиот тој систем нѐ доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг. Со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка сметаме дека ние 780 штедачи мора да се организираме и да бидеме претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле, повикаа дел од штедачите.

Тие сметаат дека треба да се самоорганизираат и веднаш да преземат мерки, а засега контактот им е адресата 780stedaciesb@gmail.com.

Треба да знаете
Последни објави