Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен е новиот лидер на ранг-листата од УЕФА, откако се пласираа во финалето на Лигата на шампионите. Баварците го симнаа од врвот Реал Мадрид.
И двата клуба имаат по 134 поени, но Баерн има предност бидејќи тие победија во повеќе мечеви оваа сезона – 34 против 17. Третата позиција ја држи Барселона, потоа следи Атлетико Мадрид, а италијанскиот хегемон Јувентус е петти. Другиот финалист во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен е на седмото место со 113 бода.
Шампионот на Англија Ливерпул, кој ја освои Лигата на шампионите пред една година, е на десеттото место со 99 бода.