(Видео) Шпанскиот град Виго украсен со божикни светилки во август

Иако летото сè уште трае, во градот Виго на северот на Шпанија започна украсувањето со божикни светилки.

Градоначалникот Абел Кабалеро рече дека градот подготвува осветлување за најдобриот Божик во светот.

Тој најави дека градот ќе инсталира 10.000 ЛЕД-светилки, пренесува „Гардијан“.

Градот ќе потроши 800.000 евра за инсталирање на осветлување, надевајќи се дека ќе привлече туристи.

Минатата година Виго беше преплавен од туристи, а во хотелите немаше место.

Кабалеро објасни дека инсталацијата на осветлување започнала неколку недели претходно оваа година затоа што протоколите воведени како резултат на епидемијата на коронавирусот може да ги забават работниците.

Треба да знаете
Последни објави