Компанијата Жито Лукс денеска оствари донација наменета за групата за самопомош на еднородителски семејства One Can. Донацијата се состои од леб, брашно и колачи за потребите на еднородителските семејства кои се дел од оваа група. Жито Лукс, како најголем производител на леб и брашно во земјава и воедно општествено одговорна компанија, има реализирано бројни донации за институции, установи, ранливи групи и останати организации кои имаат потреба од помош. Претседателот на здружението Дороти Пачкова ја изрази својата благодарност и верување дека оваа донација, покрај значајната поддршка за семејствата, ќе помогне и за зголемување на свесноста и препознавањето на потешкотиите со кои се соочуваат самохраните родители, особено во услови на пандемија.
“Искрено сме благодарни на Жито Лукс за помошта и поддршката што ја изразуваат преку оваа донација. Сите знаеме дека е тешко да се растат и воспитуваат деца, а уште потешко е кога станува збор за еднородителско семејство. Особено сега, во услови на пандемија, пречките и проблемите со кои се соочуваат нашите членови се поголеми и донациите и поддршката, како оваа од Жито Лукс се и тоа како потребни и добредојдени. Оваа донација зборува многу за способноста на една општествено одговорна компанија да препознае каде навистина е потребна поддршка”, изјави Пачкова.